Од куќа во Скопје украдени пари и накит вредни 2.500.000 денари

Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа сопственост на С.Л (44) од Скопје вчера околу 21.30 часот.

Како што соопштува МВР, крадецот откако насилно го отворил прозорот влегол  во една од собите и  одзел сума на пари од околу 40.000 евра како и златен накит по што го напуштил лице местото стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 2.500.000 денари.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид на лице место и се работи на  целосно расчистување на случајот.