Ограбена црква во скопско Сопиште

Непознат сторител во периодот од 27.03 до 28.03  во скопското село Сопиште  извршил тешка кражба во црквата „Света Мина“.

МВР денеска соопшти дека непознатиот сторител откако насилно ја отворил вратата и влегол одзел сума на пари од околу 1.500 денари по што го напуштил лице местото.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.