ВИДЕО: Одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ во Македонија -хит низ целиот свет!

Глобалната организација на „Часот на планетата Земја“ објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

chass (3)

Исто така, поради успешната кампања, видео инсерти од исклучувањето во Македонија беа споделени и во друго, таканаречено „видео на моменти“ во кои освен исклучувањето на осветлувањето Археолошкиот музеј, се појавуваат и децата од интернационалната британска градинка во Македонија, дури пет пати!

Во сите видеа, Македонија се појавува под своето уставно име, Република Македонија.

chass (1)

– Ова е само доказ дека Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена! Во нашиот медиа центар пристигнаа над 2000 фотографии и видеа од одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ низ целата Република и ние сме навистина среќни што постигнавме толку голем успех! Ова немаше да биде успешно без поддршката на градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН Македонија и Агенцијата за енергетика.“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Во продолжение погледнете ги видеата кои заслужува да ги види цела Македонија:

Целосната фотогалерија можете да ја погледнете тука.