Турција е погодена од најголемиот прекин во снабдување со електрична енергија во последните 15 години, поради што не сообраќаат голем број летови и железнички линии, пренесува Раша тудеј.
Владата вложува напори за да открие каде настанал прекинот, а делумно во некои подрачја жителите на турските провинции повторно добија струја.
Досега е потврдено дека во 44 провинции имало прекин во електричното знабдување, вклучително и во Анкара и Истанбул, јавува новинската агенција Анадолија.
Официјалните власти потврдија дека во најголемиот дел од државата имало прекин во снабдувањето со електрична енергија, но и дека засега во околу 15 отсто од државата повторно има струја.
Премиерот Ахмет Давутоглу изјави дека се испитуваат сите можни сценарија, вклучително и „можноста за терористички напад“.
– Дали се работи за тероризам и дали има големи или мали можности за тоа неможам да кажам во оваа фаза. Неможам ниту да кажам дали се работи за кибер напад, вели министерот за енергетика Танер Јилдиз.
Во моментов не функционира метрото, а летовите во целата држава се одложени.
фото: russia today