
Главниот дел во домашниот ракометен шампионат стартува престојниов викенд, па поради тоа денеска во седиштето на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за плејоф и плејаут натпреварите.
Во првото коло актуелниот шампион Металург ќе игра против Радовиш, Вардар е домаќин на Прилеп а Зомимак ќе се “судри” со Тинекс Пролет.
Вардар и Металург ќе се сретнат на 9/10 и 30/31 мај, во 5-то и 9-то коло.