
Педесет и девет годишниот Р.Ј. од Гостивар бил нападнат во својот двор, од страна на засега непознато лице кое со остар премет му нанело две расекотини во пределот на лицето и вратот и една убодна рана во пределот на стомакот.
Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера околу 21.30 часот во населбата Питарница, во Гостивар.
Р.Ј. бил пренесен во МЦ-Тетово каде му била извршена хируршка операција и по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентниот Центар во Скопје. Извршен е увид на од страна на Јавен обвинител и екипа од полициската станица во Гостивар.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.