
Авион на турската компанија „Туркиш Ерлајнс“ кој сообраќал на релација Истанбул-Лисабон бил приморан да се врати на аеродромот „Ататурк“ во турскиот главен град, по дојавата за поставена бомба во авионот.
Како што пренесува МИА, авионот слетал на аеродромот во Истанбул по што биле превземени сите потребни мерки за расветлување на случајот.
Инаку, ова е трет случај за дојава на бомба во еден од турските авиони во последниве неколку дена.
Вчера, авионот кој од Истанбул се упатил кон бразилскиот град Сао Паоло мораше принудно да слета во Мароко, додека пред четири дена од истата причина беше одложен летот од Истанбул кон Токио.
По преземените мерки од страна на полицијата за првите две дојави, беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.