Забрзано расте невработеноста во Русија

Невработеноста во Русија забрзано расте, пишува весникот „Независимаја газета“, објави МИА.

Според податоци на Министерството бројот на регистрираните невработени во Федерацијата се зголемил од јануари до март за 12 отсто, што е повеќе од двојно од зголемувањето истиот период минатата година, кога беше забележан раст од 4,8 отсто.

Федералната служба за вработување соопшти вчера дека се регистрирани еден милион лица на берзата на трудот. Според федералната статистичка служба во февруари невработеноста изнесувала над 4,4 милиони лица.

Пресметан според методологијата на Меѓународната организација на трудот – МОТ, вкупниот број на невработени во земјата е 5,8 отсто од економско активното население, но на берзата на трудот сепак не се регистрирани сите невработени.