
Метеоролозите за денес најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините снег. Гостивар утрово беше покриен со снег. Погледнете ги фотографиите.
Поради заладувањето од север, метеоролозите, најавуваат дека денес во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови.
Минималната температура ќе биде минус еден степен, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во наредните два дена,кога утринските температури ќе се спуштат до минус три степени, а дневната утре ќе достигне до седум, а задутре до 10 степени.