
Русија и Кина преговараат за натамошно проширување на билатералната соработка во областа на нуклеарниот развој, изјави денеска анонимен извор, за руски медиуми.
– За проширување на соработката меѓу Руската Федерација и Кина во нуклеарната сфера активно се разговара, изјави истиот извор, додавајќи дека преговорите за изградба на седмата и осмата единица на нуклеарната централа во Тјанван во Кина се во завршна фаза.
Нуклеарната електрана во Тјанван, која се наоѓа на кинескиот брег и се смета за најбезбедна според оценките на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е изградена со користење на руска нуклеарна енергетска опрема и со руската компанија „Атомстројекспорт“, која има монопол во извозот на нуклеарна опрема и услуги. .
Нуклеарниот енергетски комплекс во Тјанван ќе опфати осум генераторски единици кога ќе биде целосно завршен. Операциите почнаа во 2007 година.
Руските и кинеските претставници потпишаа важен меморандум за разбирање во март 2014 година, со кој се поставени темелите на идната енергетска соработка меѓу двете земји.