
Урагански ветер денеска парализира некои реони во хрватската област Далмација, каде заради бурата беа затворени делници од автопатот и мостови, а беа откажани и редовните фериботски врски по јадранското крајбрежје, информира загрепскиот весник „Јутарњи лист“.
Во областите Лика и Горски Котар, во северниот дел на земјата, врне снег.
Поради лошото време има опасност и од појава на свлечишта.