Марадона повторно ќе заигра фудбал

Легендарниот аргентински фудбалер, Диаго Армандо Марадона, повторно ќе истрча на теренот и тоа на стадионот  во Богота. Натпреварот на кој ќе биде изразена поддршка за мировниот процес во Колумбија, ќе се одржи на 10 април.

Покрај Марадона, на фудбалскиот меч ќе настапат уште неколку легенди на светскиот фудбал чии имиња за сега се чуваат во тајност, пишува агенцијата АФП.

Настапот на 54-годишниот Аргентинец ќе биде голема поддршка за преговорите која има за цел ставање на крај на најдолгата раѓанска војна во Јужна Америка.

Колумбиската влада веќе подолг период преговара со Револуционерните оружани снаги на Колумбија (ФАРЦ) за ставање крај на повеќедецениската војна.</p>

Во колумбискиот конфликт, досега загинаа околу 220.000 луѓе, а повеќе од пет милиони се раселени,односно ги напуштиле своите домови, откако ФАРЦ го започна бунтот во далечната 1964 година.

Марадона и останатите кои ќе се појават на овој натпревар многу ќе ни помогнат, во обидот за помирување, изјавил за АФП близок соработник на градоначалникот на Богота, Густаво Петро.