
Разбојништво регистрирала полицијата вчера во аптека во Центар.
Според информациите, маскирано лице вооружено со нож влегло во аптеката „Еурофарм“ на улицата „50 Дивизија“ и заканувајќи се украло 16.300 денари.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на разбојникот.