Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар расветли 14 тешки кражби, кои во февруари и март годинава биле извршени во куќи во Гостивар и околните населби.
Осомничени и кривично пријавени дека се извршители на кражбите се 22-годишниот гостиварец А.Х. и 20-годишниот А.О. од Кавадарци, со времено престојувалиште во Гостивар.
Двајцата пријавени во овој период, најчесто преку прозорците, кои насилно ги отворале, провалувале во куќите и одземале најразлични предмети, претежно технички производи ( телевизори, рисивери и друго ), покуќнина ( теписи, завеси), облека, алатки и слично, кои подоцна ги препродавале на други лица.
Дваесетгодишниот А.О. е приведен и вчера е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар и определен му е осумдневен притвор, додека А.Х. засега е недостапен и се бара.