
Во рамките на промотивните акции, Адора инженеринг на сите купувачи на стан од овој градежен бренд за Велигден, ќе им го разубави празнувањето со подарок-телевизор за новиот дом.
Во текот на април, по повод 7-ми април светскиот ден на здравјето, лекарите и здравствените работници со купен стан ќе добијат подарок релаксирачки викенд, со кој оваа градежна компанија сака да им возврати за хуманоста и секојдневната грижа за здравјето на граѓаните.
Со промотивните акции, Адора инженеринг сака со внимание, изненадувања и награди да им возврати на своите купувачи за подарената доверба и лојалоноста со изборот на сигурен, квалитетен и економичен дом од оваа градежна компанија.