„Исламска држава“ ослободи над 200 јазиди

Групата „Исламска држава“ (ИД) денеска ослободи над 200 луѓе, во најголем дел стари лица и деца, од религиозна група јазиди, држени во заробеништво речиси осум месеци, соопшти командир од курдските милиции Пешмерга во северниот ирачки град Киркук, пишува МИА.

Ослободувањето е извршено во Химера, југозападно од Киркук.

Генерал Хива Абдула изјави дека повеќето од ослободените 216 заробеници се во лоша здравствена состојба и имаат белези од насилство од неухранетост. Околу 40 од нив се деца, а останатите се стари лица.

Ослободените јазиди со автобуси и возила на брза помош се пренесени на лекување во Ербил, главниот град на автономниот Ирачки Курдистан.

Не е објавена причината за ослободувањето на затворениците, кои беа киднапирани од планината Синџар во близина на Северен Ирак.