
Професорката Татјана Каракамишева Јовановиќ за Радио Слободна Македонија истакна дека партиите во земјава, особено опозициските ќе мора да се преиспитаат во своето политичко делување.
-Ќе мораат да се вратат на нормалната политичка траса на дејствување и да почнат да нудат програми и конкретни мерки кои ќе им бидат во служба на граѓаните. Впрочем тоа е нивна уставна должност како регистрирани политички субјекти, но и морална и патриотска обврска преку која демонстрираат дека ги почитуваат своите граѓани и дека ја почитуваат својата земја, вели Каракамишева.
Во продолжение следува целата емисија „Поента“ на РСМ