
Екипите на Македонија пат успеаја да отстранат дел од големиот одрон и да овозможат сообраќај по една лента во должина од 500 метри.
На автопатот е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и се уште се работи на расчистувања и на втората коловозна лента.
Во периодот на одронувањето, на коловозот немало возила.