Предвелигденски скок на цените на пазарите

Високите цени на раноградинарските зеленчуци и овошјето,  што  покрај  јајцата и месото најмногу се трошат  за време  велигденските празници  и оваа година не ги изненади граѓаните . Дел од нив револтирано велат  дека секоја година трговците  се бескомпромисни во креирање на празничните цени на земјоделските производи .

Камерата  на „Нетпрес“ го посети Зелениот пазар во централното подрачје, каде што ги забележа нивните реакции.