
Агенцијата за вработување од денес започна со реализација на нова владина мерка „обука за побарувани занимања“.
-Како што покажува анализата за потребните вештини направена со работодавците, во Прилеп нема доволно обучени шивачи на конфекциски материјали. Ова беше причина Владата во Оперативниот план да ја внесе оваа мерка, изјави Силвана Пашоска, директорка на Центарот за вработување во Прилеп.
Пашоска ги повика сите невработени лица кои се активни баратели на работа а сакаат да се стекнат со а сакаат да се стекнат со стручни знаења од оваа област, да се пријават на огласот кој ќе биде отворен до 31 јули.
-Обуките за шивач на конфекциски материјали ќе се ажурираат месечно и ќе се одвиваат кај работодавците. Со ова ги повикуваме работодавците од текстилната индустрија да аплицираат. Ќе бидат обучивачи-провајдери зашто искуството покажува дека имаат недоволно стручен кадар од оваа област. Ова ќе биде четиримесечна обука што ја покрива Агенцијата за вработување во износ од 6.200 денари. Ќе се профилира кадар за шивачи на текстилни материјали кој потоа очекуваме да најдат вработување во текстилните фирми во градот, рече Пашоска.
Во прилепските текстилни фирми, во моментов се вработени околу 4.000 лица, а од Центарот за вработување информираат дека и овој месец ќе продолжат мерките за кредитирање на мали и микро фирми како и самовработување со кредитирање.
Според Марјан Ристески, градоначалникот на општина Прилеп, локалната самоуправа и дава максимална поддршка на Агенцијата за вработување за сите мерки за вработување.