
Во Палатата на правдата во Милано претпладнево се слушнаа истрели, при што има повредени, а веројатно и загинати, јавија италијанските медиуми.
Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ пишува дека при пукотниците повредени се најмалку две лица. За сега, не е познато во каква состојба се наоѓаат повредените.
Според информациите на италијанските медиуми кои се повикуваат на свои извори од полицијата, човекот кој пукал бил обвинет во случај со банкрот на една фирма.
Еден од судиите на Апелацискиот суд во Милано за италијанската телевизија изјави дека барем едно лице е убиено.