
Косовската претседателка, Атифете Јахјага, обединувањето на Албанците го гледа единствено во Европската унија.
Според неа влезот во ЕУ подразбира обединување не само меѓу Албанците туку и сите народи на Балканот, кои се стремат кон европската интеграција.
-Интегрирањето во ЕУ ќе го означи и обединувањето со идеата и душата на политичката и економската слобода, рамноправност и соработка меѓу сите народи , вклучувајкќи го и народот на Косово, како нераскинлив дел, -изјавила Јахјага за „Данас“.
Таа искажала убеденост дека ЕУ не е целосна без членството на сите земји од регионот на Балканот, вклучувајќи го и Косово.
-Денеска живееме во време на интеграција и поради тоа европските интеграции се цели и алтернативи на сите балкански земји. Косово е независна и суверена држава и како и секоја друга држава во регионот цели кон европска интеграција и работи во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ-нагласила Јахјага.