
Сончево и топло време со мала до умерена облачност нè очекува во текот на утрешниот ден. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи од -2 до 5, а максималната од 17 до 23 степени.
Во Скопје времето утре ќе биде сончево и топло со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
И во понеделник попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во вторник ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во следните денови ќе дува умерен, а во вторник и среда повремено и засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.