Загина 22 годишно момче во воооружен инцидент во Тетово

22-годишно момче од селото Порој загина, а уште 10 лица се здобиле со разни повреди по вооружената престрелка што вчеравечер околу 22 часот се случила  во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според  непотврдени и неофицијални информации засега непознато лице започнало однадвор да пука кон група други лица кои во тој момент биле во објектот. При тоа според податоците на Јосифовски А.А. се здобил со смртни повреди од огнено оружје во стомакот и градниот кош. Тој веднаш по укажаната помош во тетовската болница бил упатен кон Скопје, но на пат за скопската болница „Систина“ им подлегнал на повредите и по наредба на јавен обвинител врз неговото тело ќе се изврши обдукција.

Уште шест други лица кои се наоѓале во објектот, на возраст од 20 до 25 години, задобиле повреди од огнено оружје најмногу во долните екстремитети. Поради сериозноста четири од нив  биле пренесени на скопските клиники, додека останатите две биле задржани на лекување во тетовската клиничка болница. Други четири лица  завршиле со телесни повреди, расеченици, набиеници и друго и откако биле  пренесени во тетовската болница по укажната помош биле пуштени на домашно лекување.

 

tetocvo