
Компании од Катар се заинтересирани за инвестирање во општина Ѓорче Петров. Нивни претставници денеска го посетија градоначалникот Сокол Митровски, со кој разговараа за конкретни проекти и локации.
Бизнис делегацијата ја предводеше амбасадорот на Македонија во Катар.
Како што соопштија од Кабинетот на градоначалникот Митревски, на средбата станало збор за изградба на резиденцијален објект и на Дом за стари лица со парковска површина.
Гостите биле запознаени со поволните услови кои ги нуди општината за инвестирање.
Градоначалникот Митровски истакнал дека Ѓорче Петров станува се поатрактивна дестинација и привлечна локација за инвестиции пред се поради континуираното добро просторно планирање и урбанизацијата со развиена инфраструктура.