Грција се подготвува за банкрот ако до крајот на април не се договори со кредиторите

Грчката Влада се подготвува да прогласи банкрот на државниот долг, доколку до крајот на април не успее да постигне договор со кредиторите.

Информацијта ја пренесе весникот „Фајненшал тајмс“.

Владата која брзо ги троши парите за исплата на платите на државните службеници и пензиите, одлучи да се откаже од враќање на долгот од 2,5 милијарди евра кон Меѓдународниот монетарен фонд што требаше да бидат префрлени во текот на мај и јуни.

Доколку не се постигне спогодба, Грција би можела да банкторира до крајот на месецов, тврдат извори за весникот.

-Стигнавме до крајот на патот. Ако Европејците не префрлат пари  од фондот за финансиска помош, нема да има алтернатива  освен банкрот,  изјави за весникот претставник на грчката Влада.

Весникот пишува дека евентуалниот банктор на Грција ќе биде невиден шок за еврозоната. Европските влади исто така подготвуваат вонредни плановиза случај на евентуален грчки банкрот.