
Хрватската манекенка Нина Мориќ си ги пресекла вените, но за среќа мајка и на време успеала да и го спаси животот.
Таа еднаш веќе се обиде да си го одземе животот во 2009 година кога испи прекумерна доза на лекови.
Таа веднаш повикала полиција и Брза помош. девојката била пренесена во болница во Милано, а потоа набргу пуштена дома – пишува “Il Giorno”.
– Точно е Нина се обиде да се самоубие а на тоа ја наведоа бесчувствителни луѓе – потврди за италијанскиот печат момчето на Нина, Луиџи Фаволосо, кој објасни дека таа била жртва на манипулации на луѓе кои од неа сакале да земат пари.
Во 2009 причина за обидот за самоубиство биле проблемите со тогашното момче Фабрицио Короно.
Познатата манекенка во интервју за италијанските медиуми пред две години изјави дека била злоупотребувана од нејзиниот татко, дека на 2 години била киднапирана и затворена во гаража, а на 12 години се самоповредувала мислејќи дека самата е виновна за се.
Затоа, изјавила тогаш Нина, и решила да избега од Хрватска и да почне нов живот.