
Главната цел на блокирањето на проектот „Јужен тек” беше задржување на транзитот на гас преку Украина.
-Тоа што не дозволија да се реализира проектот „Јужен тек” и што го обвинуваат „Гаспром” дека не бил подготвен да работи според прописите на Третиот енергетски пакет – не е вистина, рекол Милер, прв човек на енергетскиот гигант.
Системот за дистрибуција на гас во Украина е „најслабата алка” која во себе носи неверојатно висок конфронтационен потенцијал.
Голема е веројатноста дека Русија ќе се откаже од транзитот на гас преку Украина по 2019 година, со оглед на тоа што актуелниот договор за транзит нема да биде продолжен.
-Затоа сега сите напори се насочени кон тоа да се реализира изградба на дистрибутивна инфраструктура во Турција, на границата меѓу Турција и Грција, и да се дојде до потрошувачите во југоисточна и централна Европа преку таа маршрута, додал тој.
„Гаспром“ ќе почне со изградба на „Турскиот тек” кога ќе ги добие сите неопходни дозволи, како и дека ќе работи во рамките на Третиот енергетски пакет за време на изградбата на инфраструктурата.