Републиканецот Рубио почнува со кампањата за претседател на САД

Американскиот републикански сенатор Марко Рубио ја почна вчера својата претседателска кампања на митинг во Мајами, повикувајќи на нова ера во американското водство.

Конзервативниот 43-годишен сенатор, син на сиромашен имигрант од Куба, ги означи претседателските избори следната година како „генерациски избор“, што некои аналитичари го означија како јасен удар на постарите конкуренти, кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон и потенцијалниот противник од Републиканската партија, Џеб Буш.

Тој смета дека Американците имаат можност да го добијат „авторот на најголемото поглавје во неверојатната приказна за Америка“.