
Државниот секретар Хилари Клинтон ја започна својата кампања за претседателските избори со посетата на градчето Монтичело во сојузната држава Ајова. Таа во Монтичело го посети локалниот колеџ и на дискусијата со тамошните студенти и професори остро го критикуваше сегашниот даночен систем.
На првиот ден од кампањата посочи дека не е во ред кога менџерите на финасиските фондови плаќаат помал данок од медицинските сестри. Хилари ја истакна и својата и загриженост поради фактот што раководителите заработуваат 300 пати повеќе од обичните работници и изрази разбирање за студентите кои се пожалиле на високите трошоци на образованието.