
Стивен Кари предизвика вистинска хистерија кај новинарите кои биле присутни на тренингот на Голден Стејт на кој бекот уфрлил 77 врзани тројки од различни позиции.
Тој е еден од најдобрите стрелци во лигата и заедно со Клеј Томпсон го предводи Голден Стејт, најдобриот тим во Западната Конференција.
Во досегашниот тек од сезоната речиси и да нема статистички параметар во кој тој не е брилијантен, а тоа е резултат на напорното тренирање и вежбање. Колку навистина тоа добро го прави на тренинзите доволно зборува и веста која гласи дека на еден од нив погоди 77 тројки по ред и тоа од различни позиции.
Кари на секој тренинг шутира 100 топки зад линијата од 7,25 метри и прави по 10 шутеви од 10 различни позиции. Тоа го стори и на еден од последните тренинзи и направи неверојатно нешто. Инаку, до крајот на серијата уфрли вкупно 94 шутеви од 100 обиди.