
“Делат пари за Ацо Петрески“. Ова е реченицата која може да се слушне од креираните материјали кои ги презентираше СДСМ денеска од Охрид, а воопшто не ја потенцираше и сака да се заборави, пишува Курир.
Освен тоа сто СДСМ исечените и монтирани материјали ги става во одреден манипулативен контекст, во парчињата можеше да се чуе како шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер и потенцира на министерката Гордана Јанкулоска како луѓе на охридскиот градоначалник Ацо Петрески и членови на СДСМ делат пари, со што практично купуваат гласови.
Ова е само еден од низата скандалозни факти поврзани со владеењето на СДСМ и работењето на градоначалникот Петрески, кои ја оставија општината во долгови од над 50 милиони евра и со тоа ја претворија во најзадолжена општина во овој дел од Европа.
СДСМ намерно сака да го занемари овој факт, но сознанието дека Петрески делел пари е сам по себе скандалозен чекор.