Единствена црна дамка за Македонија е дејствувањето на опозицијата и Заев

Република Македонија има силна поддршка од големите светски политичари, особено од европските пратеници. Единствена црна дамка ставаат дејствувањата и чекорите на опозицијата на чело со Зоран Заев.

Ова го истакна новинарот Бобан Нонковиќ кој работи како дописник на МИА од Брисел.

-Македонија не е осудена ниту е на тапет затоа што има силен став со јасно изразен идентитет,  народ кој го прикажува ова преку премиерот Груевски како свој избраник кому 9 години ја дава довербата. Македонија има силна поддршка од  европратениците. Македонија имаше најдобри економски резултати, тие не може да не признаат дека имаме најдобар економски раст во Европа, рече Нонковиќ.

Нашата земја ужива пријателство и доверба од најголемиот дел од најмоќните пратеници во Европа. Единствена дамка на сево ова, останува дејствувањето на македонската опозиција.

-Европарламентарците јасно и јавно не’ поддржуваат и не’ условуваат како Македонија. Тие јасно ја поддржуваат нашата земја. Имаме ситуација кога ниту Јункер не може да каже ништо за да искоментираат затоа што знаат дека Македонија има напредок во сите аргументи освен ова што го креира СДСМ, а тоа е јасен аргумент на Грција.  Вештачката криза која ја прави СДСМ некаде проаѓа и тоа тие сакаат да направат хаос е само грчки аргумент, рече Нонковиќ.

Тој соработува со челниците во европската политика. Вели дека со сите има одлична соработка во име на нашата земја, но дека нема да има милост кога некој ќе го чепне македонскиот народ.