
Ѕвездата на филмот „50 нијанси сива“ одлучи да го промени имиџот.
Иако на сите ни се допаѓаше со едноставната фризура и шишки, Дакота Џонсон се одлучи да го освежи имиџот. Слично како нејзините колешки Џесика Алба и Розамунд Пајк, убавата актерка решила да се приклучи кон трендот и да се појави со доста популарната боб фризура.
Таа ги задржа шишките, но косата е значително пократка и би рекле дека е понеуредна. Сепак, Дакота изгледа одлично.