Грција може преку друга странска служба да стои зад сценариото кое го спроведува Заев

Новинарот Бобан Нонковиќ за Сител 3 вели дека не мора Грција да биде странската служба чие сценарио го спроведува Зоран Заев, но странските служби меѓу себе соработуваат.

-Нема да биде грчка, на пример, ќе биде друга, која што ќе и ги дава материјалите на Грција. Тука има купи-продај работи. За да не биде истопорена. Ние знаеме дека најголем непријател имаме во Грција, па тие може преку некого да го направат ова, а не директно. Ова го зборувам како пример, хипотетички. Додека не се отвори случајот, судскиот процес, ние нема да може да знаеме. Според ветувањето на премиерот Груевски и на Обвинителството, тие ќе бидат транспарентни до крај. Што значи, во таа транспарентност бараме да се открие се, меѓу другото, и која е таа разузнавачка служба која стои зад сето ова, вели Нонковиќ.

Новинарот потсети дека петтообвинетиот кој е веќе осуден, меѓу другото, призна дека добил големи финансиски средства за да го право тоа.

-Ако Верушевски е патриот, дали бил патриот во 2006-та година кога јавно обзнанува на сите медиуми дека ќе има крвопролевање и големи немири во државата ако тој открие што има како материјали бидејќи Црвенковски го помилува неговиот проблематичен син и го испраќа на служба Верушевски заедно со целото семејство на сметка на државата во Рим како полициски аташе. Ако тој истиот се заканува со компромитирачки материјали , денес не може да биде чесен патриот, вели Нонкович.