
Министерството за финансии во рамки на проектот „Купи куќа, купи стан“ заедно со претставници на банките и локални градежни компании, утре во 17 часот во Охрид, ќе одржат презентација на проектот: Како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи.
Настанот ќе се одржи во големата сала во општината.
Од Министерството за финансии ги повикуваат сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата.
Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град: Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.