
Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила утринава на регионалниот пат Тетово-Волковија, во Брвеница, во која учествувале комбе „Мерцедес спринтер“ управувано од 51-годишниот М.Р. од Блаце и пешак Т.Ѓ.(76 ) од Брвеница.
-Во несреќата, пешакот Т.Ѓ.задобил тешки телесни повреди ( скршеница на колк ) и со друго возило пренесен е во тетовската клиничка, од каде по укажаната лекарска помош, префрлен е на скопските клиники, информираат од тетовската полиција.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.