
Во оваа прва неделата по Велигден, наречена Томина, светите отци определиле да се чита евангелието за Томиното неверие, како потврда на вистинитоста на Христовото воскресение.
По тој повод градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески и претседателот на Советот на општина Прилеп, Никола Димески присуствуваа на свечена литургија која се одржа во црквата „Воскресение Христово“ во населеното место Беровци.
Градоначалникот Ристески на сите верници им посака многу среќа, разбирање, милосрдие и бериќет.
По повод денешниот празник Градоначалникот Ристески присуствуваше и на традиционалниот ручек заедно со сите верници.