
Европскиот шампионски пехар самиот по себе ќе биде огромна мотивација за ракометарките на ЖРК Вардар, меѓутоа „за секој случај“ тука се и паричните бонуси кои ги добива секој според заслугите.
Ако вардарки ја освојат Лигата на шампионите ќе освојат точно 186.635 евра. Од нив 50.000 се фиксни за секој учесник во фајналфор-турнирот, а останатите доаѓаат како бонус за победата.
Ако успеат да се пласираат во финале и бидат поразени, наградата ќе биде 30.000 евра пониска, а ако, пак, го повторат ланскиот резултат и бидат трети во Европа, паричниот надоместок изнесува нешто повеќе од 140.000 евра. Најниската сума која ја добива последнопласираниот учесник на турнирот изнесува околу 125.000 евра.
Листа на бонуси
Шампион 50.000 + 136.653 – 186.635 евра
2. место 50.000 + 106.313 – 156.313 евра
3. место 50.000 + 91.102 – 141.102 евра
4. место 50.000 + 75.932 – 125.932 евра
Извор: Спортмедиа.мк