
Тунижанецот, капетанот на бродот што се преврте во либиски води, поради што настрадаа околу 800 мигранти, обвинет е за повеќекратно убиство без умисла.
Тој, како и еден член на посадата се обвинети за криумчарење луѓе, соопштуваат италијанските власти, пренесува Б92.
Капетанот и неговиот помошник биле уапсени синоќа по доаѓањето во Катанија, пристаништето во Силија каде биле префрлени од страна на италијанските власти откако биле извлечени од морето.
Бродот претрпе бродолом во неделата, а се удавија околу 800 мигранти.