
Временските услови ја вратија некогашната вода во Деребашката река и по 30-тина години сушност, таа сега самата си формира природен водопад кој паѓа од неколку метри височина
Необично е тоа што водата е со одредена температура, односно за разлика од повеќето планински извори кои најчесто се студени, оваа вода е млака и исклучително бистра, пренесува Нова Македонија.
Овој своевиден феномен го привлече вниманието на жителите на Стар Дојран, каде што е и изворот на реката, кои велат дека одамна не забележале ваква појава.
Жителите велат дека поради живописната природа на овој крај, падините и погледот кон Дојранското езеро, токму оваа месност со Деребашкиот водопад би требало да се уреди и да им се презентира на сите посетители како уште една од природните убавини на Дојран.
Фотографија: Нова Македонија