Програма на Скопски филмски фестивал за среда

Скопски филмски фестивал и ВИП оператор Ве покануваат да ја проследите програмата на 18. издание на фестивалот. 

Среда 22.април: 


16,00 Милениум


ИЗГЛЕДОТ НА ТИШИНАТА
/THE LOOK OF SILENCE (2014) 

Режија: Joshua Oppenheimer

Земји: Denmark/Finland/Indonesia/Norway/United Kingdom

Времетраење:  99 мин.

Повеќе од милион луѓе се убиени по воениот пуч во Индонезија, во ноќните колежи кои траеле со месеци. Во својот документарец „Акт на убивање“, Џошуа Опенхајмер веќе направи филм за сторителите кои никогаш не платиле за своите дела, ниту покажале какво било чувство на вина. Како да се филмски ѕвезди, тие гордо ги евоцираат своите злосторства. Сега Опенхајмер го свртува своето внимание кон жртвите. Заедно со помладиот брат на Рамли, Ади, режисерот се сретнува со убијците и нивните семејства. Ги соочува со нивните садистички дела и ги прашува за совеста и одговорноста. Но овие луѓе, кои мајката на Рамли секојдневно ги среќава во селото, не покажуваат никаква емоција. Опенхајмер го документира хоророт на непризнаеното колективно злосторство и правејќи го тоа, создава простор за индивидуална жалост. 

 

18,00 Милениум

ТИМБУКТУ/TIMBUKTU(2014)

 

Режија: Abderrahmane Sissako

Улоги:Ibrahim AhmedAbel JafriToulou Kiki

Земји: France/Mauritania

Времетраење: 100 мин.

Дејството се случува за време на окупацијата на главниот град на Мали од страна на џихадистите во 2012 година. Истовремено застрашувачки и прекрасен. Исламистичките фанатици ги забрануваат невините задоволства како што се музиката и фудбалот, а самите со уживање се впуштаат во камшикување и каменување на прељубниците. Локалниот имам кој долго време ја одржува традицијата на добронамерен и толерантен исламизам е згрозен од новите пуританци; тие влегуваат во џамијата со оружје. Освен што се зависни од суровост и малтретирање, овие луѓе им робуваат и на своите современи уреди – мобилни телефони, автомобили, видеокамери (за ставање на џихадистички видеа на интернет) и секако, оружјето.

20,00 Милениум

ДИВИ ПРИКАЗНИ/WILD TALES    (2014)

Режија: Damián Szifron

Улоги: Ricardo Darín, Oscar Martínez, Leonardo Sbaraglia, Érica Rivas, Rita Cortese

Земји: Argentina/Spain

Времетраење: 122 мин. 

„Диви приказни“ е лудо забавна колекција од шест приказни за одмазда, сурови  филмски приказни од мрачното срце на Аргентина, споени со саркастичен црн хумор. Исклучително изненадување и најголем фестивалски хит во 2014 година. Младиот аргентински сценарист-режисер Дамијан Шифрон со визуелниот талент и перверзната смисла за хумор успешно создал колекција од приказни, претставувајќи шест анархични стории, неочекувано поврзани со темата на одмаздата, онаа одмазда што спектакуларно се распрснува на парчиња откако ќе експлодира некоја измачена душа, која била зафркната премногу пати.

Брилијантноста на филмот (продуциран од Педро Алмодовар) е во неговата комбинација на неумереноста и обичноста.

 ШТО ПРАВИМЕ ВО СЕНКИТЕ/WHAT WE DO IN THE SHADOWS    (2015)

Directors: Jemaine Clement, Taika Waititi

Улоги: Jemaine Clement, Taika Waititi, Jonathan Brugh

Земја: New Zealand/USA

Времетраење: 85 мин.
„Што правиме во сенките“ е лажен вампирски документарец од Џермејн Клемент („Летот на конкордите“) и Таика Ваитити („Зелената лантерна“, „Орелот против ајкулата“). Екипата што го снима документарецот следи четворица вампири: Вијаго, Дикон, Владислав и Питр. Вампирите не само што се мачат да ги задоволат секојдневните вампирски потреби како хранење и избегнување сончева светлина, туку имаат и потешкотии да ги приспособат своите ега за удобно да живеат во заедничкиот стан.