Седуммина загинати при инцидент во рудник во Кина

Најмалку седум рудари загинаа, а 17 нивни колеги останаа заглавени во рударската јама, откако подземни води полавија еден рудник за јаглен во северна Кина, пренесува МИА .

Во спасувачката акција учествуваат околу 600 лица, кои се обидуваат да ја испумпаат водата и копаат дупки во обид да дојдат до рударите заглавени во рудникот Џијангџиван, што се наоѓа во близина на градот Датонг.

Спасувачите досега успеале да извлечат четворица од заглавените рудари, но 13-те други и натаму се во рударската јама.

Во моментот кога водата почнала да навлегува во јамата, во рудникот имало вкупно 247 рудари, но 223 успеале да излезат на површината.

Бројот на загинати при несреќи во рудниците во Кина, кои важат за најнебезбедни во светот, се намалува секоја година, како резултат на зголемените мерки за безбедност при работа и засилените контроли на властите.