
Даниел Кајмакоски за прв пат пред публика ја изведе евровизиската песна Autumn Leaves, на големиот предевровизиски настан „Eurovision in Concert“ во организација на евровизиските фан-клубови.
Настанот на кој учествуваа 24 евровизиски претставници се одржа во текот на изминатиов викенд во Амстердам.
По изведбата на песната, Кајмакоски предизвика голем интерес на прес-конференциите. Новинарите бараа интервјуа и изјави од нашиот претставник.
Следното претставување на нашата песна за годинешниот Евросонг ќе биде во Москва на 24. април.
Настапот на Кајмакоски може да го погледнете во видеото подолу.