
Во Виена веќе извесен период се е во знакот на Евросонг што одинава ќе се одржи од 19. до 23 мај. 60.издание на европскиот избор на најдобра песна, покрај „Евровизиското село“, ќе биде присутен на многу јавни постори во австрискиот главен град.
На 17 мај ќе биде отворен Euro Fan Cafee, во третиот виенски округ каде ќе биде инфо-центарот за сите евровизиски фанови. Преку ден тој кафе бар ќе биде отворен за забава и разговори, а во вечерните часови ќе биде место за организирање забави.
Државната телевизија на Австрија ОРФ ќе пренесува два јавни преноса од евровизискиот натпревар, додека лиценцирани преноси во живо ќе бидат организирани на дополнителни 15 локации во Виена.
На 17. Мај Виенската градска опера ќе организира матине Pop Meets Opera во кои ќе учествуваат Пласидо Доминго, Жан Дијего Флорез и Ансамблот The Philharmonics.
Во виенската куќа на музиката ќе има мултимедијална презентација под наслов „60 години Евровизија – Австрија 1717. Бројката 1717 го означува вкупениот број поени што ги добила Австрија на досегашните евровизиски натпревари.
За прв пат во историјата откако се одржува овој натпревар, ова издание на Евросонг ќе се одржи како Green Event што означува дека при организацијата се внимавало на зачување на животната средина.