
Најголема транспарентност во судењето на Зоран Заев побара вечерва новинарот Драган Павловиќ Латас, пренесе Курир.
-Да се има транспарентност во судењето на Заев за двете дела- акција Пуч и поткуп од 200.000 евра. Тоа ќе видиме на суд. Да се најде законска можност МРТ да го пренесува судењето без коментар. Најтранспарентно. Да се преслушаат разговорите и да се истражува. Секој што направил криминал, нека си одговара. Што е разликата меѓу нас и Заев? Тој сака техничка Влада, тоа е невеозможно. ВМРО-ДПМНЕ победува на избори 9 години по ред. Има 500.000 гласачи, рече Латас.
Новинарот истакна дека обвинувањата за изборни нерегуларности се неосновани на сметка на партија. ВМРО-ДПМНЕ не организира избори, ниту СДСМ. ДИК организира избори, чиј челник е предлог на СДСМ.
Во „Јади бурек“ тој ги коментираше и снимките излезени на Јутјуб кога Заев е во кабинетот на Груевски и го уценува.
-Груевски нема зошто да му рече „не ги објавувај“. Можеле уште вечерта да го уапсат. Меѓународната заедница го штити Заев, односно објавувањето на снимки. Доколку имало спорно од снимките добиени со ПИМ мерки, обвинителството ќе пуштело допис дека не смее да се објавуваат, рече тој.