
Повеќе од два тони кокаин се конфискувани крај брегот на Шкотска, соопштила француската Национална дирекција за царинско разузнавање и истрага, пренесува МИА.
Дрогата била запленета од брод кој преминувал покрај брегот на Шкотска.
Операцијата била спроведена во четвртокот по сигнал добиен од француските царински служби, се наведува во соопштението.
Во операцијата учествувале два брода од британската воена флота и крајбрежната стража.