
Изминативе неколку години реализиравме повеќе од 40 проекти во делот на реконструирање и модернизација на регионалните и локалните патни правци во овој регион, истакна премиерот Груевски во Охрид.
Тој додаде за повеќе од 80 километри патни правци, се инвестирани повеќе од 5,5 милиони евра, од кои само во Охрид се инвестирани околу 1,5 милиони евра за 19 километри локална и регионална патна мрежа.
И ќе продолжиме да инвестираме во подобрување на инфраструктурата. Веќе работиме на докомплетирање на проектна документација за изградба на автопатската делница Требениште – Струга во должина од 8,5 километри, по што во првата половина на 2016 година ќе започнеме и со отпочнување на градежни активности во висина од околу 45 милиони евра. Прв квартал. Во јуни/јули започнуваме со градежни работи за модернизација и рехабилитација и на влезот и излезот на Кичево, и транзитниот пат низ Кичево кој ќе биде унапреден, како и за рехабилитацијата на регионалниот пат Струга-Дрслајца-Биџова-Татеши, што ќе продолжи и во наредната година, за што ќе бидат инвестирани околу 600 илјади евра, рече Груевски.
Многу значајна инвестиција како што рече Груевски за овој регион е и изградбата на експресниот пат Охрид-Пештани, во должина од 14,5 км и инвестиција од околу 60 милиони евра.
-Интензивно работиме на овој проект, и со цел да се спречат сите грижи околу еколошките стандарди со ЕБРД договоривме изработка на еколошка студија која ќе ги утврди точните параметри на патот. Сакам да најавам дека со таа еколошка студија која ќе обезбеди еколошка оддржливост согласно сите процедури, веќе наесен очекуваме и распишување на постапка за избор на изведувач на градежни работи и ако се е во ред согласно планот до крајот на годината ќе започнеме и со изградба на оваа значајна патна делница која што ќе биде од корист за охриѓани но и за развој на турзимот во регионот, рече Груевски.