Доживотен затвор за капетанот на потонатиот јужнокорејски брод „Севол“

Капетанот на јужнокорејскиот ферибот кој потона минатата година, при што загинаа над 300 лица е осуден на доживотна казна затвор.

Денешната пресуда е потешка од пресудата која во ноември минатата година ја изрече Окружниот суд, со која капетанот на бродот Ли Џон-сок беше осуден на 36 години затвор за небрежност и оставање на патници на бродот.

Портпаролот на судот во Гуанџу соопшти дека освен доживотната
казна за капетанот Ли, 14 други членови на екипажот добија казни меѓу 18 месеци и 12 години затвор.

Пресудата на Ли е зголемена, бидејќи судот го  прогласи за виновен за убиство од небреженост. Во ноември тој беше ослободен од ова обвинение.