
Во Босна и Херцеговина денеска е прогласен Ден на жалост по терористичкиот напад врз полициска станица во Зворник.
Одлука за прогласување Ден на жалост во двата ентитети донесоа Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина и Владата на Република Српска, јави ФЕНА.
Во напад врз полициска станица, извршен од 24-годишниот Нердин Ибриќ од село во близина на Зворник, убиен е Драган Џуруќ, припадник на Министерството за внатрешни работи на Република Српска и повредени се неговите колеги Жељко Гајиќ и Стево Миловановиќ. Ибриќ е убиен во последователна престрелка.
Полицаецот Драган Џуруќ ќе биде погребан денеска на гробиштата во Каракај, во близина на Зворник, со највисоки полициски почести.